X
 10.09.2022 Живот

Електричните автомобили стануваат опција за јавен превоз во Виена

На 1 септември компанијата за јавен превоз во Виена, „Виенер линен“, постави 50 електрични автомобили на улиците во Виена и стана една од првите јавни компании што учествува во бизнисот со изнајмување автомобили.

Компанијата изјави дека во 2023 ќе вклучи уште 50 автомобили, со што ќе нуди вкупно 100 електрични автомобили за изнајмување.

Компанијата нуди разни автомобили за да ги задоволи потребите на жителите, без разлика дали со автомобилот одат на скијање или пренесуваат велосипеди. Виена почна да нуди електрични автомобили за изнајмување есента 2020, во рамките на пилот-проект со 28 автомобили.

Според податоци од компанијата, во 2021 сите автомобили поминале над 250.000 километри, а биле користени просечно по 5 часа.

Изнајмувањето автомобил од компанијата чини 2,30 евра за час во текот на денот и 0,50 центи за час во текот на ноќта. Има попусти за изнајмување автомобил за целиот ден или за викенд.

Во 2023 година компанијата ќе почне да нуди и електрични комбиња.

Извор: The mayor
фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот