10.10.2018
Живот
Компанијата „Спејс икс“ лансира сателит за опсервации
Американската компанија „Спејс икс“ лансира сателит за опсервации, Саоком-1А.
Во соопштението од компанијата се наведува дека сателитот на Аргентинската вселенска агенција е успешно лансиран од базата Ванденберг, Калифорнија, и тоа со ракета Фалкон 9.
Сателитот Саоком-1А беше во орбита 12 минути по полетувањето.
Сателитот има радар кој ќе биде употребен за собирање информации со цел адекватно да се одговори на итните ситуации при елементарни непогоди.
Американската вселенска агенција НАСА неодамна објави дека првиот лет на ракета „Спејс икс“ со човечки екипаж до Меѓународната вселенска станица ќе биде изведен во јуни 2019 година.
Извор: МИА