Во последниве неколку дена ураганот „Флоренс“ дивее низ југоисточниот брег на САД.
Не само што ураганот предизвика екстремни поплави, уништи имоти и однесе човечки жртви, туку и продолжува да ги загрижува метеоролозите, кои го опишуваат бавниот ураган како „ненаситно брутален“.
Неговите ветрови, кои се движат со 144 километри на час, предизвикаа катастрофални последици. Тешко е да се замисли степенот на бруталниот ураган, но видеото неодамна објавено од НАСА покажува колкава е големината на ураганот.
Описот на
видеото покажува дека снимките биле направени по неколку моменти откако бурата пристигнала на плажа во Северна Каролина.