Првиот вистински и корисен тунел на „Боринг компани“ (The Boring Company), лансиран од Илон Маск, наскоро ќе биде завршен.
Досега пред јавноста беа прикажани само симулациите и кратките пробни цевки на тунелот, но Маск откри дека првата комерцијална јавна делница во еден од нивните тунели ќе биде пуштена во употреба за околу еден месец.
Станува збор за рута што ќе го поврзе седиштето на „Спејс икс“ (SpaceX) и „Боринг компани“ во Хоторн со станицата О’Лири, оддалечена околу четири километри.
- Тунелот наскоро ќе биде завршен - напиша Маск на својот профил на „Твитер“.
Тој го најави отворањето за 10 ноември.
Извор: МИА