X
 14.07.2018 Наука

Направени првите 3Д рендгенски снимки во боја

Пристигнаа одлични вести за сите лекари кои во својата работа користат рендгенски снимки. Нова техника која користи сензорен чип развиен од страна на Европската организација за нуклеарни истражувања, позната како ЦЕРН, резултираше со создавање на скенер кој може да создаде 3Д рендгенски снимки во боја.

На овие нови импресивни слики јасно можат да се видат деталите од коските и мекото ткиво, како и други елементи како маркери на болести. Рендгенските зраци имаат потенцијал да им овозможат на лекарите во иднина да ја утврдат здравствената состојба, како и оштетувањето на коските.

Фото: Interesting Engineering

Биоскенерот е дело на компанијата „Марс Биоимиџинг“ од Нов Зеланд. Компанијата ја искористила технологијата на ЦЕРН наречена „Медипикс3“ за да направи нова форма на рендгенско снимање.

За завршување на проектот биле потребни 20 години и тој бил предводен од основачите на компанијата Фил и Ентони Батлер. Нивниот скенер е првиот комецијално достапен 3Д спектрален скенер, кој создава слики со автоматска и молекуларна квантификација.



Машината работи така што комбинира спектроскопски информации добиени од детекторот со „Медипикс3“ со алгоритми кои генерираат 3Д слики во боја. Машината може да детектира и илустрира елементи како масно ткиво, вода, калциум и што е најважно, маркери на болести. Тоа значи дека потенцијалната примена во медицината е значајна.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука