Во Виена е отворен првиот автоматизиран ресторан во кој храната ќе биде достапна во секое време.
Ресторанот „Фуди фриџ“ (Foodie Fridge) функционира со автомати кои ќе нудат квалитетни и евтини оброци во секое време од денот. Ќе бидат понудени оброци од тајландската, шпанската, италијанската и австриската кујна, а може да се купат и сокови и вина.
Основачот на ресторанот, Александар Билаш, го отворил ова место бидејќи ја препознал потребата за добра храна во секое време додека патувал. Во ресторанот оброците се подготвуваат од професионални готвачи, а потоа се ладат и пакуваат, па купувачите треба само да ги стоплат.
Засега се нудат 300 оброци, од кои повеќето чинат помеѓу 7 и 10 евра. Ресторанот ќе им ги донира преостанатите оброци на социјални установи.
Извор:
News.in-24
Фото: Instagram (Printscreen)