Австриската престолнина покрена кампања чија цел е да ги поттикне туристите повеќе да уживаат во градот, а помалку да прават селфиња.
Кампањата е наречена „Unhashtag Vienna“, а пораката е многу интересна: „See Vienna, not #Vienna. Enjoy the city behind you pics“, што во превод би значело „Види ја Виена, не #Виена. Уживај во градот зад фотографиите“.
Од туристичката организација на Виена наведуваат дека не станува збор за кампања која е против социјалните мрежи, туку поентата е посетителите да престанат своето искуство да го поврзуваат исклучително со себе и на момент навистина да уживаат во градот, како и да престанат да прават многу селфиња под притисок да бидат совршени на фотографиите, додека уметноста и убавината на градот им се провлекуваат.
Кон кампањата се придружи галеријата „Белверде“, која три дена преку најпознатата слика на сликарот Густав Климт, „Бакнеж“, стави црвен хаштаг со кој апелира до посетителите дека не мора секоја слика да заврши на социјалните мрежи.
Исто така, по
пристигнувањето на аеродромот во Виена посетителите се дочекани од слоган „Welcome to Vienna. Not #Vienna“.