X
 24.12.2020 Живот

Популарен јутјубер отворил ресторан и им плаќал на луѓето да јадат во него, а подарил и автомобил

Јутјуб-ѕвездата Џими Доналдсон, познат и како Мистер Бист, отвори ресторан и им плаќаше на луѓето да јадат во него. Дел од гостите добиле и бесплатни уреди.

Џими ја користи својата слава за да им помогне на другите луѓе, па така тој подарува пари, но и донира за различни добротворни цели. Сега промовираше и свој нов синџир на ресторани, отворајќи едно продажно место на кое делеше хамбургери, пари и уреди, а на една жена ѝ подари автомобил.

Јутјуберот не ја објави адресата на ресторанот јавно, но на денот на отворањето го чекале илјадници луѓе. Во еден момент редицата со автомобили била подолга од 30 километри.

Видеото на „Јутјуб“ во 2 дена го погледнале повеќе од 24 милиони луѓе. Инаку, Џими секоја недела привлекува внимание со слични акции. Така, неодамна помогна при удомување на сите кучиња од еден стационар, додека претходно годинава им делел платежни картички на луѓето со кои можеле да потрошат колку што сакаат.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот