X
 22.03.2016 Живот

Грешки што ги правите секое утро

Она што е заедничко за најуспешните луѓе во бизнисот, уметноста и политиката е тоа што имаат редовна утринска рутина.

Одлуките кои ќе ги направите во утринските часови можат или да ви помогнат да го реализирате успехот и да ве поттикнат да донесете здрав избор на одлуки за останатиот дел од денот или сериозно да го саботирате вашето целокупно здравје. Затоа, важно е да ги избегнувате следните неколку грешки кои дефинитивно секој од нас ги прави наутро.

Проблем: Притискање на копчето „Snooze“

Чувството дека можете да останете под јорган уште неколку минути се и повеќе од подарок - но дали притискате „Snooze“ еднаш, два пати или десет пати, вие го уништувате циклусот на спиење  на вашето тело. Наместо да си помогнете да се чувствувате поодморени и да си го олесните почетокот на денот, тие екстра минути сон всушност предизвикуваат да се чувствувате уморни.

Зошто? За почеток, потпирајќи се на аларм значи дека вашето тело не се буди природно, што ве исфрла од вашиот деноноќен ритам. Деноноќниот ритам во основа е вашиот внатрешен „часовник“, кој го следи 24 часовниот циклус и му кажува на вашето тело кога да спие, кога да се буди и така натаму.

Го активира чувството на поспаност во текот на ноќта и ве буди наутро откако добивате доволно одмор. Будењето со аларм го нарушува природниот тек на телото и ве размрдува во текот на останатиот дел од денот.

И според „National Sleep Foundation“ од Америка, сонот кој го добивате во тој краток прозорец кој ви го овозможува „Snooze“ не е квалитетен. Одложувањето може да резултира до дезиорентација која може да трае со часови.

Решение: Наместете го алармот да  ви ѕвони подоцна

Можно е да се истренираме себеси да се пробудиме со изгравањето на сонцето, но за повеќето тоа не е реалистично. Затоа, најпаметно е да го поставите алармот подоцна и да го прескокнете притискањето „Snooze“.

Проблем: Проверување на телефонот пред да си легнете

71% од луѓето спијат во близина на своите паметни телефони - навика која не само влијае врз тоа колку брзо ќе заспиете, туку има и последици следното утро.

Поминувањето време седејќи на телефонот пред да си легнете може да ја намали способноста да се фокусирате во текот на денот. Истото важи и проверување на телефонот откако ќе се разбудите.

Решение: Оставете го телефонот


Вашите моменти на будење искористете го за да дишите и да медитирате. Научните истражувања покажуваат дека редовната медитација може да го намали нивото на анксиозност и позитивно размислување како и подобрување на способноста за концентрација.

Проблем: Прескокнување на појадокот и пиење само кафе

Замената на житарици или тост со кафе за да ги намалите калориите и задржувањето на енергијата може да изгледа како паметна идеја, но тоа може да го саботира целиот план за слабеење.

Спротивно на популарното мислење дека појадокот го започнува вашиот метаболизам, истражувањата покажуваат дека не постои разлика помеѓу согорените калории во еден ден кај луѓето кои прескокнуваат појадок за разлика од оние кои појадуваат. Од друга страна, пиењето кафе навистина го зголемува метаболизмот.

Но, кога се потпирате само на кофеинот, особено кога сте под стрес, може да го зголеми производството на хормонот кортизол. Премногу кортизол може да резултира во масти во стомакот, намалена функција на имунолошкиот систем и оштетено спознание - спротивно од причината поради која избегнувате да појадувате.

Решение: Пронајдете опција која ви даде енергија


Пиењето кафе за будење е во ред, меѓутоа треба да се погрижите да му дадете на телото гориво. Протеинскиот шејк, житариците, па дури и тостот со путер од бадем имаат релативно низок број на калории но имаат доволно макронутриенти за да ви дадат енергија.

Проблем: Кратење на сонот за утринско вежбање

Станувате од кревет за да вежбате и покрај подочниците под вашите очи - секако, восхит за вашата посвгетеност, меѓутоа треба да се прашате дали сето тоа е вредно за вашето време?

Ако ви недостасува сон, тогаш вежбањето повеќе предизвикува штета од добро. Истражувањата покажуваат дека не само што уморните спортисти се движат побавно, туку се оштетува и нивната рамнотежа и моторна функција.

Решение: Одложете го


Една вечер помалку сон нема да го уништи влијанието на одличниот тренинг. Но ако спиете само пет часа со недели, тогаш немојте да мислите дека вашето тело ќе биде во одлична форма.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот