Некој ден ќе можеме да развиеме процес за да регенерираме ткиво во човечкото срце, се вели во новото истражување. Процесот ќе подразбира позајмување на техника од без мускулна и без срце морска анемона.
Ова суштество има способност да се регенерира како неколку различни организми, ако е исечена на парчиња. Научниците сметаат дека оваа биолошка супер моќ може да не научи како да стимулираме регенеративно закрепнување кај човечките срца.
Научници од универзитетот во Флорида, ја набљудувале морската анемона и нејзините мускулни ќелии, како оние кои ги има во нашето срце. Ова морско суштество има гени кои се познати дека помагаат во формирање на срцевите клетки кај луѓето и другите животни. Ако се разбере повеќе за тоа како овие нејзини гени функционираат, тогаш можеби ќе имаме можност да создаваме наше сопствено програмирање во иднина.
Кај човечкото срце, природната регенерација е ограничена на многу слаба замена на срцевите мускулни клетки, што не е доволно за борење со штетата или болеста. Иако
морската анемона нема срце, нејзиното тело се движи пулсирачки, брановидно, слично како чукањето на срцето. Па ако може да се изведе нашите мускулни клетки да ги следат клетките на морската анемона, тогаш би било можно
регенерирање во срцето и други делови од телото.
Ако се постигне сето ова, тогаш би им се помогнало на милиони луѓе секој година, кои се борат со различни срцеви болести.