X
 10.12.2019 Култура

Од новото дело на Бенкси ќе ви влезат мушички в око

Нова уметничка инсталација на Бенкси беше откриена во Бирмингем, Велика Британија, а е инспирирана од божиќните празници.

Делото, на кое се прикажани два ирваса врзани со каиши, е нацртано на ѕид, веднаш до една клупа. Но на цртежот ги нема Дедо Мраз и неговата санка.

Бенкси на својот профил на „Инстаграм“ објави снимка на која може да се види бездомникот Рајан како се подготвува да си легне на клупата до која е нацртан цртежот, кој полека се открива додека тече снимката.


- Господ да го благослови Бирмингем. За 20 минути додека го снимавме Рајан на оваа клупа минувачите му дадоа топла напивка, две чоколатца и запалка, а тој не ни побара нешто - напиша Бенкси под објавата.

Ова е последниот мурал на мистериозниот уличен артист. Во мај Бенкси создаде мурал во Венеција на кој беше прикажано дете-мигрант како носи елек за спасување и држи розов факел.


Сите можат различно да си го толкуваат последното дело на Бенкси, но она што прво паѓа на памет е дека ова е начинот на кој уметникот потенцира колку луѓе овој Божиќ ќе бидат без храна, засолниште и друштво.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура