Пред 6 години уметникот Арно се приклучи на еден од најголемите проекти во неговата кариера. Бил поканет да учествува во создавањето на најголемиот
мурал во Холандија. Поточно, инвеститорот за недвижности „Проваст“ барал дизајн за кружен таван, како Систинската капела во Рим, за зграда што веќе ја граделе.
40-метарскиот „Марктал Ротердам“ бил амбициозен дизајн на Вини Мас од МВРДВ, најпознатото архитектонско биро во Ротердам.
Биле избрани 9 уметници. Иако Арно бил резерва, подоцна добил телефонски повик дека бил избран неговиот дизајн. Така потпишал договор дека за 3 месеци ќе ја заврши работата. Материјалот бил испечатен на 4.000 алуминиумски плочи што подоцна биле монтирани на таванот. Резултатот е неверојатен.