Експертите веруваат дека животните страдаат од скелетна дисплазија
Научниците забележале две џуџести жирафи во Африка и тие се преслатки. Во студија објавена во „Би-ем-си рисрч ноутс“, во која се опишуваат овие ретки животни, пишува дека тие најверојатно страдаат од скелетна дисплазија.
Абнормалности во развојот на коските
- Скелетните дисплазии најмногу се однесуваат на 'рскавични или скелетни нарушувања кои може да резултираат со абнормалности во развојот на коските - стои во студијата.
Двете жирафи се нубиски жирафи и се забележани во национален парк во Уганда, а има уште една анголска жирафа во приватна фарма во центарот на Намибија.
- Овие жирафи имаат екстремно скратени палечни и метакарпални коски во однос на други жирафи на прилично иста возраст - се наведува во студијата.
Изненадувачки, за жирафите се верувало дека се постари од една година, што е чудно со оглед на тоа дека во првата година од животот жирафите се најранливи, а ситуацијата е само полоша поради кратките нозе на животните. Жирафите се потпираат на трчањето и клоцањето за да се справат со предаторите.
Долгите нозе се неопходни
- Долгите нозе се прилично важни за жирафите бидејќи трчањето и клоцањето се две од нивните најефикасни тактики против предаторите - вели Мајкл Браун, автор на трудот.
Браун додава дека жирафите најверојатно ќе наидат на проблеми при парењето. Нивниот мал раст нема да им дозволи да се натпреваруваат со другите мажјаци во нивната возрасна група.
Причината за овие случаи на дисплазија останува нејасна. Обично тоа се припишува на вкрстувањето на генетички блиски единки и малиот генетички диверзитет, ситуации кои може да се случиле во популацијата во Уганда бидејќи пред неколку децении имаше помалку од 80 жирафи.
Џуџестите жирафи се наречени Гимли и Најџел, и Браун и неговиот тим ќе продолжат да ги проучуваат.
Извор и насловна фотографија:
Interesting Engineering