X
 11.01.2023 Живот

Каков е животот во најсреќната земја на светот: „Не се споредуваме со соседите и уживаме во природата“

Пет години по ред Финска го држи првото место за најсреќна земја во светот, според Светскиот извештај за среќа.

Во извештајот за 2022 година, од луѓето во 156 земји било побарано „да го оценат својот живот денес на скала од 0 до 10. Исто така, биле земени предвид факторите што придонесуваат за социјалната поддршка, очекуваниот животен век, дарежливоста и отсуството на корупција.

Френк Мартела, фински филозоф и психолошки истражувач кој ги проучува основите на среќата, анализирал што точно ги прави луѓето во Финска толку задоволни од својот живот?

За да одржиме висок квалитет на живот, еве три работи што никогаш не ги правиме, вели тој:

1. Не се споредуваме со соседите

Постои една позната реплика на еден фински поет која грубо преведена значи: „Не споредувај се и не фали се со својата среќа“.

Финците навистина го применуваат тоа, особено кога станува збор за материјалните работи и отвореното прикажување на богатството.

Еднаш налетав на еден од најбогатите луѓе во Финска. Тој го туркаше своето дете во количка кон трамвајската станица. Можел да си купи скап автомобил или да ангажира возач, но се одлучил за јавен превоз. Вака изгледа успехот во Финска - бидете како сите други.

Совет за среќа:
фокусирајте се повеќе на она што ве прави среќни, а помалку на тоа да изгледате успешно. Првиот чекор до вистинска среќа е да поставите свои стандарди наместо да се споредувате со другите.

2. Не ги занемаруваме предностите на природата


Според истражувањето од 2021 година, 87 отсто од Финците веруваат дека природата е важна бидејќи им обезбедува мир на умот, енергија и релаксација.

Во Финска вработените имаат право на четиринеделен летен одмор. Многумина од нас го користат тоа време за да одат на село и да уживаат во природата. Колку помалку удобности, дури и до степен да нема струја или вода во куќата, толку подобро.

Многу луѓе имаат пристап до природата. Живеам до централниот парк на Хелсинки, каде што редовно шетам.

sreka
Фото: Freepik

Совет за среќа: поминувањето време во природа ја зголемува нашата виталност, благосостојба и ви дава чувство за личен раст. Најдете начин да додадете малку зеленило во вашиот живот, дури и ако тоа се само неколку растенија во вашиот дом.

3. Не го кршиме кругот на доверба во заедницата

Истражувањата покажуваат дека колку е повисок степенот на доверба во една земја, толку се посреќни нејзините граѓани.

Експериментот „изгубен паричник“ од 2022 година ја тестирал чесноста на граѓаните со фрлање 192 паричници во 16 града низ светот. Во Хелсинки 11 од 12 паричници им биле вратени на сопствениците.

Финците си веруваат еден на друг и ја ценат искреноста. Ако го заборавите вашиот лаптоп во библиотеката или го изгубите телефонот во воз, можете да бидете прилично сигурни дека ќе ви биде вратен.

Исто така, децата често одат со јавен автобус до училиште и си играат надвор без надзор.

Совет за среќа: размислете како можете да ѝ помогнете на вашата заедница. Како можете да создадете поголема доверба? Како можете да ги поддржите политиките што се надоврзуваат на таа доверба? Малите дела, како ослободување место во транспортот, исто така прават разлика.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот