X
 23.05.2021 Живот

„Не трошете време зборувајќи за тоа каков е добриот човек. Бидете добар човек!“ 50 кратки правила за добар живот

- Кога ќе се постават стандардите, работата на филозофијата е токму тоа, да се испитаат и да се поддржат стандардите, но работата на една навистина добра личност е да ги користи тие стандарди кога ги знае - рекол римскиот филозоф Епиктет, кој бил припадник на Стоичката школа.

Многу јасно: дефинирај ги своите правила и живеј според нив.

Но, стоиците не биле толку директни во практика. Пишувале, зборувале и дебатирале, но не ги ставиле нивните „заповеди“ на едно место. Барем не во форма што успеала да преживее. Еден стоик, Хрисип, наводно пишувал 500 реда на ден, од кои голем дел биле изгубени.

Проучувајќи ги нивните пишувања за моја сопствена практика, составив 50 правила од стоиците, собрани од нивниот огромен труд во текот на 2.000 години. Овие правила тогаш функционирале, а функционираат и сега, како водич за она што античките луѓе го нарекувале добар живот. Се надевам дека некои од нив ќе го осветлат вашиот пат.

1. Фокусирајте се на она што можете да го контролирате.

2. Вие контролирате како реагирате на работите.

3. Запрашајте се: Дали е ова од суштинско значење?

4. Медитирајте за вашата смртност секој ден.

5. Вреднувајте го времето повеќе од парите и имотот.

6. Вие сте производ на вашите навики.

7. Запомнете дека имате моќ да немате мислење.

8. Поседувајте го утрото.

9. Преиспитајте се себеси.

10. Не страдајте од замислени проблеми.

11. Обидете се да го видите доброто кај луѓето.

12. Никогаш не слушајте жалење - дури ни сопственото.

13. Две уши, една уста со причина.

14. Секогаш има нешто што можете да направите.

15. Не споредувајте се со другите.

16. Живејте како да сте починале и да сте се вратиле (секоја минута е бонус).

17. Најдобрата одмазда е да не бидеш таков - Маркус Аврелиј.

18. Бидете строги кон себе и толерантни кон другите.

19. Ставете го секој впечаток, емоција на тест пред да дејствувате врз нив.

20. Научете нешто од секого.

21. Фокусирајте се на процесот, а не на резултатите.

22. Дефинирајте што значи успехот за вас.

sreka
Фото: Freepik

23. Пронајдете начин да сакате сè што се случува.

24. Барајте предизвици.

25. Не следете ја толпата.

26. Одлучете се за „мазната рачка“.

27. Секоја личност е можност за љубезност.

28. Велете не (многу често).

29. Не плашете се да побарате помош.

30. Пронајдете една работа што ќе ве прави помудри секој ден.

31. Она што е лошо за кошницата е лошо за пчелата.

32. Не осудувајте ги другите луѓе.

33. Проучувајте ги животите на великаните.

34. Простувајте, простувајте, простувајте.

35. Правете мал напредок секој ден.

36. Водете дневник.

37. Подгответе се за неизбежните неуспеси во животот.

38. Барајте ја поезијата во обични работи.

39. Да му згрешиш на некого, значи да си направиш лошо себеси.

40. Секогаш одбирајте живост.

41. Дружете се само со луѓе што ве прават подобри.

42. Ако некој ве навреди, сфатете дека сте соучесници во прифаќањето на навредата.

43. Судбината се однесува како што сака… не заборавајте на ова.

44. Она што го поседувате ви го дал некој само на чување.

45. Не влошувајте ги вашите проблеми жалејќи се за нив.

46. ​​Прифатете го успехот без ароганција, справувајте се со неуспехот со рамнодушност.

47. Храброст. Умереност. Правда. Мудрост. (Секогаш).

48. Пречката е патот.

49. Егото е непријател.

50. Тишината е клучот.

Ве оставам со едно правило што ги опфаќа сите правила, а доаѓа од Епиктет: Не објаснувај ја твојата филозофија. Отелотвори ја.

Не трошете време зборувајќи за тоа каков е добриот човек. Бидете добар човек.

Автор: Рајан Холидеј
Извор: Forge.medium.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот