Познатиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ многумина го нарекуваат чудо од човек. Иако бил роден без раце и нозе како последица на ретка болест, тој секојдневно докажува дека невозможното е возможно.
Ник е познат мотивациски говорник кој, и покрај физичката попреченост, успеал да постигне многу работи за кои сонувал - патувал во многу земји, одржал стотици предавања, завршил факултет, напишал две книги, се оженил и станал татко.
1. Во животот имате два избора: да бидете огорчени или да бидете подобри. Изберете да бидете подобри, а не огорчени. Никогаш не сум сретнал огорчена личност што била среќна. Ниту среќна личност што била огорчена.
2. Благодарен сум што сум жив, иако мислев дека мојот живот нема да биде вреден за живеење. Никогаш не знаеш што сѐ Бог може да направи со твоите скршени делови додека не му ги предадеш.
3. Што мислите дека треба да изберам: да бидам лут на Бог поради тоа што го немам или да му бидам благодарен за она што го имам? На моите семинари луѓето ми кажуваат дека не можат. Дека се премногу стари, премногу млади, премногу дебели, премногу слаби, имаат премногу дипломи, недоволно дипломи, немаат пари, немаат време. Главно, секогаш имаат изговор зошто не можат. Да се разбереме, и јас бев таков. Работите се променија од моментот кога наместо да барам изговор за она што не можам да го направам, почнав да барам начини.
4. Некои луѓе наместо да преземат одговорност, претпочитаат да ги обвинуваат другите околу себе за она што им се случува. Ако животот ви подели погрешна карта и ви ги уништи плановите, за тоа можете да го обвините Бог, универзумот, родителите или безобразното дете кое во трето одделение во основно училиште во го украло сендвичот. Ова нема да ви помогне. Единствениот начин е да ги совладате променетите околности и да го следите патот.
5. Која е поентата да бидеш целосен надворешно, но празен однатре? Запомнете - акцијата предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите вашите соништа, натерајте се себеси да се обидете само уште еден ден, една недела, уште еден месец, уште една година... Ќе бидете изненадени од она што се случува кога постојано одбивате да се откажете.
6. Предизвиците постојат за да нѐ зајакнат, а не за да нѐ згазнат.
7. Ако постојано се потсетувате на старите рани, му давате моќ и контрола на оној што ве повредил, но ако му простите, со тоа ја пресекувате секоја врска со оваа личност. Тогаш, оваа личност повеќе не може да има никаква врска со вас. Немојте да мислите дека простувањето е услуга на оние на што сте им простиле, туку тоа го правите за себе.
8. Можеби немам раце со кои би можел да ги држам рацете на мојата сопруга, но за да го држам нејзиното срце, не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.
9. Стравот е поголем хендикеп отколку немањето раце и нозе. Долго време не бев подготвен да се соочам дека она што навистина не е во ред со мене не е моето тело, туку ограничувањето што си го поставував себеси, како и мојата ограничена верзија на животни можности.
10. Сѐ што би направил за себе, направи го и за другите луѓе. Ако мал чин на сочувство стане твоја секојдневна навика, би се чувствувал посилен и ослободен од болка и разочарување. Не треба да очекуваш корист од добрите дела, но добрите дела можат да те доведат до изненадувачки награди.
11. Синдромот „би бил среќен кога би го имал тоа и тоа“ е масовна измама. Ако барате среќа во материјалните работи, никогаш нема да ја имате доволно. Прво погледнете околу
себе, а потоа погледнете внатре.