X
 11.02.2022 Здравје

Најчестите симптоми на омикрон што се појавуваат кај вакцинираните

Омикрон уништи многу планови за патувања за време на празниците и предизвика рекордни бројки на заразени лица во многу земји. Со овој сој се заразија и многу вакцинирани лица, иако вакцината заштитува од развивање потешки симптоми. Кои се неговите најчести симптоми?

„Индепендент“ ги наведува најчестите симптоми на омикрон за вакцинираните лица. Според експертите, најчестите симптоми на омикрон за лица што се целосно вакцинирани се течење на носот, болка во грлото, кивање, главоболка, кашлање, вртоглавица, болка во мускулите, исип на кожата и дијареја.


Фото: Pixabay

Луѓето тешко може да го разликуваат вирусот од обична настинка поради симптомите. Според професорот Тим Спектор, околу 50 отсто од настинките денес впрочем се ковид-19.

Експертите велат и дека има два симптома кои може да се први знаци за омикрон, а тоа се замор и вртоглавица или губење на свеста. Заморот може да предизвика слабост или болка во мускулите, главоболка, заматен вид и губење апетит.

Околу 40 отсто од жените изјавиле дека чувствувале замор поради ковид-19, во споредба со една третина од мажите.

Извор: Independent
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје