Анксиозноста е чувство на интензивен страв или огромна грижа за нешто што е во ваша контрола. Исто така, нормално е да се доживее одвреме-навреме, но кога ќе стане претерана или сериозна, тоа може да значи дека имате анксиозно растројство.
Ова се сигнали според кои терапевтите предупредуваат дека анксиозноста зела замав и дека е време да се побара помош.
Симптомите се манифестираат физички
Физичките симптоми не само што го нарушуваат вашиот живот туку можат I да му наштетат на вашето тело кога не се лекуваат и може да ве чинат непотребни одења на лекар, тестови и лекови.
Симптомите на анксиозност може да се совпаѓаат со други медицински состојби. Кога разговарате со вашиот лекар, треба да укажете на вашите симптоми и на каква било семејна историја на ментална болест. Отворената комуникација може да помогне да се одреди точната дијагноза.
Ако не се согласувате со дијагнозата на вашиот лекар, побарајте експерт за ментално здравје за процена. Најчесто се потребни повеќе посети на терапевт или психијатар за да ви дадат дијагноза. Тие можат да понудат методи, терапии и/или лекови за контрола на симптомите.
Ако преферирате природен пристап, треба да разговарате за тоа како да почнете секојдневно да користите билки, есенцијални масла и алтернативни терапии.
Не сакате да излезете од куќата и да се мешате со луѓе
Домот е зона на удобност за многу луѓе. Можеби сте мислеле дека сте домашари, но со текот на времето или одеднаш идејата за напуштање на домот предизвикала екстремни симптоми на загриженост или паника.
Ако се плашите да посетувате нови места, симптомите може да ви го нарушат животот. Некои луѓе можат да ја напуштат куќата, но одат само на места што добро ги познаваат, како што се нивните омилени продавници, работни места или домови на нивни драги пријатели или роднини.
Другите не можат. Тие ја губат работата. Нивните лични и романтични врски трпат многу, а во некои случаи и се прекинати кога партнерот не ги разбира.
Фобии од социјални мрежи
Социјалните мрежи носат нова ера кога станува збор за симптоми на анксиозност. Меѓутоа, ако веќе имате проблеми со анксиозноста, онлајн-платформите можат да направат да почувствувате како луѓето од овие мрежи да се во иста просторија со вас.
Иако користењето социјални мрежи не е лоша идеја, луѓето треба да можат да го направат тој избор за себе. Некој со социјални фобии не може да користи социјални мрежи бидејќи развива нови симптоми. Овие луѓе се воздржуваат од користење на социјалните мрежи од страв.
Обучен терапевт може да ви помогне да одредите дали треба да избегнувате или да применувате одредени методи при здраво користење на социјалните мрежи.
Пробавте сè освен терапијата
Секој различно реагира на третмани, без разлика дали користи природна медицина, конвенционална медицина или комбинација од двете. На некои луѓе може да им помогне лекување во сопствена режија со специјална исхрана, билки, масла и алтернативни терапии. Некои луѓе на почетокот имаат одлични резултати, но со текот на времето тие се намалуваат. Други, пак, не забележуваат отстапувања од сериозноста на симптомите. Клучен фактор што недостига во овие планови на третманот е терапијата.
На пример, некој со тешка анксиозност и депресија може да има повеќе тешкотии ако нема помош од терапевт или психијатар. Друг пример е хемиска нерамнотежа која не е поврзана со исхраната, физички или еколошки фактори, односно неопходно е да се придржувате до терапиите, но и до здравиот начин на живот.
Најчести симптоми
Намалување на когнитивната функција
Проблеми со меморијата
Постојана загриженост
Страв
Збунетост
Неможност за опуштање
Раздразливост
Проблеми со спиењето, како што се несоница, кошмари или ноќни стравувања
Физиолошки симптоми
Тензија
Слабост на телото
Не можете да дишете
Притисок во градите
Проблеми со стомакот, како што се болки и повраќање
Лупање на срцето
Телесна болка
Потење
Вртоглавица
Кој е под ризик?
Семејна историја на ментална болест
Срамежливост во детството
Одредени здравствени состојби и лекови кои ги имитираат симптомите или ги прават потешки
Стресни или негативни
настани во кој било момент од животот