Група истражувачи успешно го завршиле тестирањето на персонализирана вакцина против ракот користејќи ја истата мРНК-технологија како некои вакцини против ковид-19.
Експерименталната вакцина, направена од фармацевтските компании „Модерна“ и МСД, функционира така што го учи имунолошкиот систем да бара и да уништува канцерогени клетки. Докторите се надеваат дека достигнувањето ќе доведе до нови начини на борба против многу видови рак.
Други фармацевтски компании планираат да спроведат слични истражувања, но ова е прво тестирање на ваква вакцина на пациенти.
Резултатите од тестирањето покажале дека вакцината ги намалува шансите за смрт на пациенти со напреден облик на рак и враќање на ракот по излекувањето за 44 отсто.
Тестирањето било спроведено на 157 пациенти, а допрва треба да биде оценето од независни експерти и регулаторни тела. Вакцината е скапа за произведување бидејќи се произведува специјално за секој пациент, но од компаниите не откриле колку би чинела таа.
Извор:
BBC
Насловна фотографија: Pixabay