Француското интернационално училиште ЕФИС од Скопје од 16 до 19 април ќе ги отвори своите врати за родителите што сакаат да присуствуваат на настава во градинката или во училиштето. ЕФИС е училиште акредитирано од министерството за образование на Франција и промовира две култури - француската и македонската и три јазици (француски, англиски и македонски јазик).
Тоа го прави единствено тријазично училиште во нашата држава. Бројот на учениците се зголемува секоја година, велат оттаму.
Француската програма е одличен избор за меѓународно, повеќејазично и мултикултурно образование. Таа му придава особено значење на рефлексивниот карактер на начинот на учење, но исто така ја вреднува и хуманистичката култура.
На
линкот можете да го пополните формуларот доколку сакате да ја посетите градинката или училиштето.