X
 02.06.2021 Наша тема

Колумна: Ние во ЕФИС учиме да бидеме пријатели со броевите! Кој е твојот омилен број?

Математичките проблеми се значајни бидејќи поттикнуваат прашања, ги учат учениците да не бидат секогаш во право и ги учат дека е во ред да биде така. Тие ги охрабруваат да се обидат да дојдат до решението преку различни постапки, да размислуваат, односно да донесат логичен заклучок врз база на факти што ќе ги образложат. Многу е важен моментот на образложување и оправдување на својот одговор бидејќи не сите ученици дошле до резултатот по ист пат. На тој начин ги поттикнуваме учениците на отворена дискусија

Пишува: Милена Кипријановска, наставничка во прво одделение

Светот е место кое постојано се менува и напредува. Современиот начин на живот носи нови предизвици во секојдневието на луѓето. Со нашиот пристап кон наставата по математика во Француското интернационално училиште во Скопје - ЕФИС, во текот на целото образование, од градинка до крајот на предметната настава, т.е. 9. одделение, секојдневно се трудиме да ги подготвиме нашите ученици за животот кој ги очекува, и храбро и самоуверено да чекорат низ него.

Математиката е значајна материја, која како предмет е вклучена во образовниот процес уште од најрана возраст во градинка. Децата од мали нозе го откриваат светот кој ги опкружува, учат да се движат и снаоѓаат во просторот, што е една од основните гранки на математиката. Учат како да се лоцираат себеси во просторот во однос на предметите што ги опкружуваат или да ги лоцираат предметите едни во однос на други. Таквото учење секогаш се реализира преку игра, на пример, движење на количка со помош на макети или врз даден план. Истовремено се работи и врз јазикот бидејќи се инсистира целиот процес да се вербализира.



Истовремено ги откриваат и броевите, нумерираат, се запознаваат со основите на геометријата. Децата во градинка не само што учат да бројат конкретни предмети и да ја поврзат количината со број, туку и стануваат свесни за работата со прстите на рацете која секогаш треба да почнува со 5 прстиња како основа, па понатаму да се оди кон 1, или кон 10. Прстите се многу важни во изучувањето на броевите. Исто така, тие се запознаваат и со апстрактни квантитети како време, денови, месеци и годишни времиња и ги совладуваат благодарение на ритуалните утрински активности. За учениците да ги користат броевите, мора да ги разберат, а за да ги разберат, мора да ги засакаат. Љубовта и љубопитноста кон математиката мора да се развиваат од најмала возраст, за на децата понатаму да им се олесни процесот на нејзино изучување во погорните одделенија. Ние учиме да бидеме пријатели со броевите. Многу често се слушаат прашања од типот: „Која е твојата омилена боја, животно или храна?“ Ретко кој учениците ги прашува: „Кој е твојот омилен број и зошто?“ Ќе бидете позитивно изненадени од одговорите на учениците.

Од прво одделение, па понатаму, се продлабочуваат концептите. Учениците учат да ги разложуваат броевите, ги прават своите први операции собирање и одземање, ги цртаат своите први геометриски фигури, решаваат математички проблеми.

Решавањето на проблемите зазема значаен дел од наставната програма по математика, како во градинка така и во прво одделение. Ние настојуваме учениците секојдневно да работат на решавање проблеми, понекогаш дури и во вид на ритуални активности. Работиме не само на нумерички проблеми, туку и на проблеми од доменот на геометријата. Зошто имаме ваков пристап во наставата во прво одделение и што тој им овозможува на учениците?

Милена Кипријановска

Математичките проблеми им овозможуваат на учениците да истражуваат, да размислуваат, да одберат соодветна постапка, да учат преку обиди и грешки, да пристапуваат кон нови поими, како и да ги искористат претходно стекнатите знаења за да го добијат соодветниот резултат.

Математичките проблеми се значајни бидејќи поттикнуваат прашања, ги учат учениците да не бидат секогаш во право и ги учат дека е во ред да биде така. Тие ги охрабруваат да се обидат да дојдат до решението преку различни постапки, да размислуваат, односно да донесат логичен заклучок врз база на факти што ќе ги образложат. Многу е важен моментот на образложување и оправдување на својот одговор бидејќи не сите ученици дошле до резултатот по ист пат. На тој начин ги поттикнуваме учениците на отворена дискусија.

Сето ова води кон повисока цел во образовниот процес, како што се развој на критичка мисла и расудување, како и образложување на својот став поддржан со факти, а тоа е и едно од основните обележја на францускиот образовен систем и секако на наставниот процес во Француското интернационално училиште во Скопје – ЕФИС. Совладувањето на оваа цел ќе им помогне на учениците во понатамошниот процес на образование и тоа не само во доменот на математиката, туку и во преостанатите предмети.

Милена Кипријановска

Светот е место кое постојано се менува и напредува. Современиот начин на живот носи нови предизвици во секојдневието на луѓето. Со нашиот пристап кон наставата по математика во ЕФИС, во текот на целото образование, од градинка до крајот на предметната настава т.е. 9. одделение, секојдневно се трудиме да ги подготвиме нашите ученици за животот кој ги очекува, и храбро и самоуверено да чекорат низ него.

Ги учиме децата логичното и разумното мислење да им стане водич во секојдневието, да учат преку обиди и грешки, да разговараат меѓу себе, да решаваат проблеми, да собираат и да проценуваат податоци, да ги мерат и споредуваат. Ние како наставници не им го даваме решението, туку ги насочуваме да размислуваат во правилна насока, да пронајдат стратегии за да дојдат до решението на проблемот. Накратко кажано, преку математиката ги подготвуваме учениците за реалниот свет.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема