X
 23.12.2017 Наука

Научниците од Стенфорд класифицираат 5 подтипови на анксиозност и депресија

Eдно од поинформативните откритија во потрагата по подобро разбирање на аутизмот е широкиот опсег што постои во однесувањето и ефектот. Новинарот Стив Силберман  открива детали за тоа колку може да биде различен „спектарот“. Стотици луѓе би можеле да имаат стотици различни генетски причини, што резултирале со популарното чувство во во аутистичната средина: „Ако сретнете една личност со аутизам, тоа значи дека сте запознале една личност со аутизам“.

Дали истото може и за анксиозноста и депресијата? Знаеме дека постојат степени, но дали постојат типови? Постои огромен диспаритет помеѓу чувството на вознемиреност и паничен напад, помеѓу непријатноста на забава или одбивање да се биде дел од некое општествено собирање. За да ни помогне да ги сфатиме овие разлики, едно ново истражување од истражувачите од Стенфорд вели дека постојат најмалку пет различни видови на анксиозност, а секој од нив е во корелација со активирањето на различни мозочни мрежи.

Истражувањето, може да доведе до поспецифичн терапии за оние кои страдаат од анксиозност и депресија - две различни психолошки нарушувања што споделуваат бројни квалитети. Според истражувањето, најмалку 50 отсто од лицата кои страдаат од една форма, покажуваат истовремени дијагнози што се применуваат на други категории.

Само една третина од луѓето во овој спектар на нарушување целосно се опоравуваат, процент за кој тимот се надева дека ќе се зголеми со нивното истражување. Биле собрани податоци од 420 учесници. Средната возраст била 39.8; 61 отсто од волонтерите биле жени. Тестовите вклучуваат само-известување, мозочни мапи и психијатриско дијагностичко тестирање. Исто така, истражувачите беа заинтересирани за тоа како социјалната активност влијае врз секојдневниот живот.

Учесниците прво биле класифицирани врз основа на пријавување на нивното негативно расположение, анксиозност и симптоми на стрес. Откако биле поставени подтипови, бил спроведен независен примерок. Потоа симптомите на подтиповите биле изразени на ниво на однесувањето и психолошкото функционирање на секој учесник. На крај, тимот ги истражувал клинички значајните разлики во функционалниот капацитет на подтип.

Во истражувањето тимот ги опишал петте подтипови како:

Тензија
- Овој тип е дефиниран со раздразливост. Луѓето се премногу чувствителни. Aнксиозноста го прави нервниот систем пречувствителен.

Анксиозно возбудување
- Когнитивно функционирање, како што е способноста да се концентрираат и контролираат мислите, е оштетено. Физичките симптоми вклучуваат забрзано отчукување на срцето, потење и чувство на стрес. Луѓето велат работи како: „Го губам разумот“.

Меланхолија - Луѓето имаат проблеми со социјалното функционирање. Ограничените социјални интеракции дополнително предизвикуваат вознемиреност.

Анхедонија - Примарниот симптом е неможноста да чувствувате задоволство. Овој вид на депресија често е непрепознат. Луѓето често се способни да функционираат разумно кога се во состојба на стрес.

Генерална анксиозност - Генерализиран тип на анксиозност каде основните карактеристики се загриженост и вознемиреност - повеќе станува збор за физички стрес.

Истражувачите од Стенфорд се надеваат дека нивното истражување ќе им помогне на лекарите да препишат подобри третмани индивидуализирани за нивните пациенти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука