X
 11.05.2021 Живот

Германија официјално воведе придобивки за вакцинираните

Во Германија стапи во сила одредба според која оние што се вакцинирани против коорнавирусот се изземени од некои мерки за борба против пандемијата.

Вакцинираните и оние што го прележале вирусот повеќе не подлежат на ограничувања во контактите во приватниот сектор. За оваа група граѓани не важат ни ноќните ограничувања на движењето воведени во области со седумдневна инциденца над 100.

Исто така, вакцинираните и оние што го прележале вирусот нема да одат во карантин по враќањето од странство. Исклучок се оние што се враќаат од областа со таканаречени вирусни варијанти.

vakcina
Фото: Freepik

Освен тоа, овие граѓани се ослободени од обврските за тестирање во услужни индустрии кои бараат тестирање, како што се некои продавници или фризерски салони. Истото ќе важи и за терасите на угостителските објекти.

Другите мерки, како што се носење маски или одржување физичко дистанцирање, остануваат во сила и за нив.

За целосно вакцинирани се сметаат оние кај кои поминаа најмалку две недели од последната доза.

Според Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, луѓето што ги примиле и двете дози на вакцината имаат помала веројатност да заразат други отколку оние што имаат негативен ковид-тест.

Вакцинирани се 7,6 милиони граѓани


До петокот 7,6 милиони граѓани во Германија ги примија двете дози на вакцината, претежно постари граѓани кои беа во приоритетните групи.

Сојузната министерка за правда Кристина Ламбрехт предупредува на опасноста од фалсификување на пропусници и документи за вакцинација.

- Овде не станува збор за ситен престап, туку за сериозно кривично дело кое носи сериозни казни - изјави таа.

Потпретседателот на синдикатот на полицајците, Џорџ Радек, предупредува на опасноста од широко распространети обиди за фалсификување документи.

- Во моментов не постои уникатен документ што ја докажува вакцинацијата. Тоа создава простор за фалсификување - изјави Редек.

Во моментов вакцинираните лица го докажуваат својот статус со брошура за вакцинација или документ издаден од центрите за вакцинација.

patuvanje
Фото: Freepik

Меркел: На летување ќе можат да одат и оние што не се вакцинирани


Германската канцеларка Ангела Меркел е оптимист во врска со летните одмори во Европа и смета дека тоа ќе биде можно и за луѓето што не се вакцинирани.

- Кога ќе се видат ниските вредности на инциденцата на некои европски земји, како што е Португалија, се надевам дека сите ќе можеме да си го дозволиме она што беше можно и минатото лето. Кога ќе биде тоа, сè уште не можам да кажам - изјави таа.

- Се чини дека и ние во Германија го поминавме третиот бран. Онаму каде што вредностите на инциденцата опаѓаат, постепено ќе бидат можни поголеми олабавување на мерките во Германија. Се надевам дека тоа ќе биде случај со цела Европа - додава таа.

Оптимист е и федералниот министер за здравство Јанс Шпан.

- Патувањето во рамките на ЕУ веројатно нема да зависи од вакцинацијата. Ќе може да се патува и со негативен ковид-тест - изјави тој.

Извор: Deutsche Welle | Welt.de
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот