Денес, кога доминираат напредната подвижност и сложените дизајни на автомобили, потребен е радикален пристап кон пристигнувањето од една до друга дестинација.
Токму тоа го нуди „хога“, дело на студентот по дизајн Рајан Шлотхауер. „Хога“ е возило што ја приспособува победничката филозофија на ИКЕА во однос на пакувањето, производството и практичната употреба за на корисниците да им овозможи удобно возење кое е многу функционално. Сето ова е испреплетено со напредната платформа за мобилност на „Рено“.
Телото на возилото се рециклира во други производи откако неговиот животен циклус ќе заврши. Инспирацијата за дизајнот за практичното возило доаѓа од класичниот баухаус-принцип за чист и наменски дизајн.
Додека е прилично мало, неговиот ефикасен дизајн овозможува оптимално користење на буквално секој дел од него.
Автомобилот се испраќа во гајби за повеќекратно користење, за да ги намали трошоците за превоз, а откако ќе стигне до дестинацијата, контејнерите се користат повторно за испраќање скршен мебел. Исто како ИКЕА, „хога“ може да биде составено од едно лице за неколку часа благодарение на неговите едноставни елементи слични на лего, во совршено симетричен дизајн. Има 374 дела и 114 индивидуални делови кои треба да се состават за да се создаде „хога“.
Внатрешноста е приспособлива за да се смести мал велосипед или количка. Патниците можат да влегуваат однапред бидејќи шофершајбната се отвора целосно, а се отвора и задниот дел за да собере повеќе багаж.
Отпималното користење на просторот е од суштинско значење, а дизајнерот ги создаде нацртите доста внимателно. За време на купувањето, клиентите можат да испробаат различни внатрешни конфигурации за да одговараат на нивните потреби и вкус, што го прави „хога“ неодолива опција.
Извор:
Yankodesign.com
Фото: Ryan Schlotthauer