Освен Финска, најсреќната земја во светот, и Данска може многу да нè научи за тоа како да си го подобриме расположението.
Еден од концептите за среќен живот е данската „хиге“, филозофија која ни покажува како да ја доловиме среќата во секојдневниот живот.
Но, има повеќе од „хиге“. Кога сте под стрес, постои дански концепт кој помага да се ослободите од вашите грижи и се вика „пит“.
Терминот „пит“ е тежок за преведување бидејќи значи повеќе од само „не е важно“. Тоа е она што го велите за да охрабрите некој кој поминува низ мрачен момент, да го поттикнете да ги гледа работите од поинаква гледна точка.
„Пит“ се користи за ситуации кои не треба да имаат премногу тежина, но имаат. Исто така, во различни контексти, од училиште, преку работа, до пријателство. Овој концепт го зајакнува човекот бидејќи го учи да не се обесхрабрува и да не донесува избрзани заклучоци за она што се случува околу него.
Концептот е покана за промена на перспективата, ослободување од фрустрации, лоши мисли кои негативно влијаат врз нашиот начин на размислување и насочување на вниманието кон нешто друго или кон други можни објаснувања за одреден настан.
Не е чудно што овој термин толку им се допаѓа на Данците што во 2018 година го избраа за национален збор во конкуренција на Данската библиотечна асоцијација.
„Пит“ е скандинавската тајна за учење да се управува со стресот, разочарувањата и стравовите.
Фото: Freepik