X
 11.06.2021 Наша тема

Учителката Маре евоцира спомени од првата целодневна настава во 1978 година

Маре Трајкова е прва учителка на целодневна настава. Како што ни раскажува таа, Основното училиште „11 Октомври“ почнало со работа 1955/1956 година како експериментално училиште со кабинетска настава. По барање на родителите и педагошкиот завод, во училиштето е воведена целодневна настава во прво одделение во учебната 1978/79 година. Формирани се две паралелки, а работата во одделението е поделена на два одделенски наставници. Првите месеци од учебната година биле малку понапорни, како за учениците така и за наставниците. Самиот престој од 7 часа организирано бил распореден со учење на нов материјал и совладување со игра и забава. Истовремено се развивале другарството, колективизмот, адаптирање во новата средина и што е најважно - описменување и стекнување нови поими и правила кои тука требаше да се совладаат, се присетува учителката Маре.

- Се работеше по наставен план и програма со користење разни нагледни средства, методи и други форми на работа. Со залагање и труд на целиот персонал, се формираа катчиња за одмор и разонода, училниците се уредија со паноа, слики, катчиња со цвеќиња, така што престојот на учениците стануваше сè попријатен. Благодарение на богатата хортикултура, слободното време учениците го минуваа во училишниот двор - вели Маре.
Целодневната настава продолжила до 4. одделение. Од постигнатите резултати очигледно било дека знаењето на учениците било солидно, многу поуспешно се совладувал материјалот.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема