X
 30.09.2017 Образование

Зошто доби отказ омилената учителка?


Одделение
(Фото: Profimedia, ImageSource)


Учителка во едно основно училиште во Санкт Петербург, која на еден ученик на челото со фломастер му напишала „будала“, е отпуштена од работа, пишува рускиот медиум „Риа новости“.

Претходно медиумите известиле дека учителката по одделенска настава го напишала зборот „будала“ (на руски: дурак) на челото на осумгодишниот ученик од второ одделение само затоа што детето, и покрај нејзиното неодобрување и прекор, со маркер си цртало „тетоважи“ по своите раце.

Со случајот се занимаваа инспектори од службите за заштита на правата на децата, па во тек е постапка за раскинување на договорот за вработување на учителката, по иницијатива на работодавецот, поради „сторен неетички прекршок од страна на работникот кој извршува едукативни функции“.

Постапката на учителката е оценета како неспоива со продолжувањето на нејзината работа во училиштето, а надлежниот школски одбор ги прифати и ги потврди сите приговори од страна на мајката на детето, со напомена дека досега не постоеле никакви забелешки за работењето на оваа искусна и омилена учителка.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование