Галијата „Сан Хозе“, за која историчарите веруваат дека носела богатства вредни милијарди долари, потонала во 1708 година во близина на колумбискиот пристаништен град Картагена.
Колумбиските поморски офицери кои го надгледувале местото на бродоломот на галијата „Сан Хозе“ откриле уште два одамна потонати брода во близина.
Потенцијалното извлекување на потонатиот брод е предмет на тужби со децении.
Подморница со далечински управувач која нурна на длабочина од 900 метри откри нова снимка од потонатата галија.
Подморницата открила уште два потонати брода во непосредна близина - бродови за кои се верува дека се од истиот историски период, Колумбиската војна за независност од Шпанија, пред околу 200 години.
- Сега имаме две нови откритија во истата област кои претставуваат нови можности за археолошки истражувања. Така што, работата допрва почнува - рече адмиралот Габриел Перез.
Новите снимки од „Сан Хозе“ досега дадоа најдобар увид во богатството што го носеше оваа галија. Биле снимени златни прачки, златни монети, топови направени во Севилја во 1655 година и непроменети порцелански садови.
- Идејата е да се собере сето ова и да се создаде одржлив финансиски механизам за идни истражувања. На овој начин ќе го заштитиме богатството, наследството на галијата „Сан Хозе“ - рече претседателот Иван Дуке.
Фото: Columbian Presidency