Гледачите на „Нетфликс“ признаваат дека плачеле додека ја гледале новата психолошка трилер-серија чие дејство е сместено во Њујорк во 80-тите години на минатиот век.
Секој ден родителите ги испраќаат децата на училиште со надеж дека ќе ги видат повторно за само неколку часа. Но, што ќе се случи ако никогаш не се вратат?
Ова прашање е истражено во новата серија на „Нетфликс“ во која глуми Бенедикт Камбербач, кој ја има улогата на куклар и креатор на популарна детска ТВ-програма чиј син исчезнува. Ликот на Камбербач полека ја губи контролата врз реалноста додека очајно се обидува да сфати што се случило со неговиот син - ситуација која актерот во интервју ја опишал како „најлошата ноќна мора“ на секој родител.
Ситуацијата е толку застрашувачка, што самите актери морале да најдат начин да се справат со неа, а Габи Хофман, која ја игра мајката во серијата, објаснила како враќањето дома на крајот од денот ѝ помогнало да го помине снимањето.
- Многу едноставна работа е да си одиш дома на крајот од денот и да ги видиш сопствените деца кои бараат само да бидеш со нив во тој момент. Значи, тоа ја олесни работата. Претпоставувам дека на тоа гледав како на длабоко нурнување во заедничко искуство, колективно свесно искуство на тага, страв, загуба, повеќе од специфичен настан за губење или потенцијално губење на своето дете. И на тој начин, сметам дека е помалку застрашувачки и помалку потенцијално опасен - изјавила Хофман.
- Очигледно, како родител, тоа е вашиот најлош кошмар. Споделувам многу мисли на Габи за „длабокото нурнување“ во искуството, тоа е суштината на она што го правиме како раскажувачи. Го спроведувате како работа, а не како реалност, а враќањето дома е очигледно вистинската работа. Така што тоа навистина помага - се согласил и Бенедикт.
Извор: unilad.com
Фото: YouTube screenshot