X
 11.07.2017 Култура

Дали е ова најпрецизната мапа на светот?

„Светот не е илузија, туку апстракција“, рекол Алфред Коржибски. Коржибски е познат и по друга реченица: „Мапата не е територијата“.

Хорхе Луис Борхес ja искористил оваа идеја, замислувајќи во својата приказна, „On Exactitude in Science“, мапа која соодветствувала со големината и обемот на секоја точка од територијата. Борхес ја илустрирал идејата дека сите мапи се погрешни со тоа што ја замислил апсурдноста на точната мапа.

Ова набљудување се појавува во контекст на видео од „Vox“, кое објаснува зошто е математички невозможно да се создаде целосно точна рамна карта на светот.



Мора да бидеме апстрактни; површината на сферата не може да се претстави како рамнина без некоја форма на изобличување, па затоа картографите користат техника наречена „проекција“.

Поради културни или навигациски причини, оваа искривена карта ја зголемува големината на Европа и на Северна Америка и ги прави Гренланд и Африка со приближно иста големина. Питерс-проекцијата од 1973 година ја подобри прецизноста на Меркатор, но по цена на читливоста и пропорцијата.

Но, минатата година архитектот и уметник Хаџиме од Школата за медиуми и раководење при Универзитетот „Кејо“ во Токио успеал да ги реши овие проблеми со неговата мапа наречена „АuthaGraph“, која ја освои јапонската награда за добар дизајн, победувајќи над 1.000 други записи во различни категории.

Наместо да го апстрахира светот во цилиндер како што направи Мeркатор, оваа мапа ја претвора Земјата во тетрахерон, што потоа може да се витка на кој било начин.

Видеото погоре го објаснува самиот дизајн на мапата, кој не бил и никогаш не може да биде 100% математички точен, меѓутоа, може официјално да се нарече мапа со еднаква површина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура