11.07.2018
Живот
Би-би-си прашува неколкумина Англичани да ја покажат Хрватска на мапата
Во пресрет на вечерашниот полуфинален натпревар на Светското првенство во фудбал меѓу Англија и Хрватска во Москва, Би-би-си направи анкета меѓу неколкумина Англичани, кои требале на мапа да најдат каде се наоѓа Хрватска.
Резултатите од испитувањето се многу „разочарувачки“ во однос на познавањата по географија кај „островјаните“, со 60 отсто точни одговори, пишува хрватскиот портал Индекс.
Првата испитаничка одговорила точно, оти и претходно знаела дека „Хрватска има долг брег". Сепак, вториот анкетиран покажал на Словенија.
Следните двајца, пак, покажале на Албанија, а друг испитаник знаел дека Хрватска е спроти брегот на Италија
Подготвил: МИА