Со децении американските власти се обиделе да ги сокријат снимките од нуклеарните обиди, но научниците успеале да ги пронајдат.
Американските власти спровеле 210 атмосферски експерименти помеѓу 1945 и 1962 година.
Секоја нуклеарна експлозија била проследена со неколку камери, а секоја камера правела околу 2.400 фотографии во секунда.
Околу 10.000 снимки со години биле затворени во сефови во тајни објекти, а постоела опасност тие да бидат уништени со оглед на тоа што се распаѓала целулозата во филмот.
Пет години научниците од лабораторијата Лоренс Ливермор ги барале снимките, ги скенирале и ги подготвувале за објавување. Целта била да се зачуваат овие снимки затоа што би можеле да им помогнат на современите научници во нивното проучување на нуклеарните закани после престанокот на нуклеарни тестови.
Истражувачите во последен момент ги спасиле непроценливите
видеа кои би можеле да им помогнат на научниците да продолжат со истражување на нуклеарното оружје, а најмногу ќе им помогнат на луѓето кои се грижат за безбедноста на нуклеарниот арсенал на Америка.