X
 11.07.2020 Живот

Германците смислија интересен начин за да ги натераат луѓето да носат маски

Иако во Германија има драконски казни за неносење маски, надлежните секојдневно се борат со оние што не го почитуваат тоа. Поради тоа, еден јавен превозник дојде до интересна идеја.


Градскиот превозник бара патниците да не користат антиперспиранти и дезодоранси, во необична кампања чија цел е да го поттикне носењето маски за лице во јавниот превоз во Берлин.

Бидејќи возилата не се климатизирани, тие сметаат дека мирисот на потта ќе ги натера и најголемите бунтовници да стават маска, и тоа преку носот.

Превозникот „Берлин Веркерсберибе“ на 1 јули ја објави кампањата на својот твитер-профил, пишувајќи:
- Не ни оставате друг избор.


Банерот на кампањата е:
- Бидејќи многу луѓе мислат дека можат да носат маска под носот, ние сега стануваме груби. Дали уште сакате носот да ви биде откриен?


Покривањето на устата и носот е задолжително во јавниот превоз и во продавниците во Германија, како дел од напорите за борба против ширењето на коронавирусот. Луѓето што се спротивставуваат на правилата се соочуваат со големи казни. Сепак, не е невообичаено да се види дека луѓето носат маски, но неправилно - обично ја покриваат само устата, а не и носот.

„Берлин Веркерсберибе“ соопшти дека се надева дека ќе ја искористи „моќта“ на мирисот на телото, што е прилично силна во подземен воз во текот на летото, за да им помогне на луѓето правилно да ги носат маските.

Извор: Daily Mail | Deutsche Welle
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот