X
 11.07.2024 Живот

Од утре до четврток се ослободуваат од работа трудниците и лицата над 60 години - Владата донесе мерки за превенција од топлотниот бран

По добиената информација за високите температури во кои се наоѓа државата, Владата на денешната онлајн седница ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита:

Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.7.2024 (петок) до 18.7.2027 година (четврток).

Исто така, во истиот период работодавците треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да им укажат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот