X
 17.02.2023 Здравје

Германија ги укинува речиси сите мерки против коронавирусот

Германските власти известиле дека земјата планира да ги отстрани речиси сите мерки поврзани со ковид-19 во март. Ќе престанат да важат мерките за носење маски и тестирање на вработените во здравствените установи од почетокот на март.

Оваа одлука била донесена откако било заклучено дека ситуацијата со ковид-19 во земјата е целосно под контрола. Мерките претходно требало да важат до 7 април.

- Пандемијата сè уште не е завршена, но го нема факторот на страв. Вирусот може да се контролира во секојдневниот живот - се посочува во соопштение од Министерството за здравство на Германија.

Во последните недели Германија постепено ги укинувала мерките против ширењето на коронавирусот. Овој месец Германија ја укина мерката за задолжително носење маски во автобуси и во возови. Германските власти, исто така, изјавиле дека повеќе нема да бараат од заразените да останат во самоизолација. Сепак, ќе остане во сила само мерката за носење маски на посетители во болница и други здравствени установи.

Според податоци од Светската здравствена организација, во Германија имало 81.005 нови случаи на ковид-19 во последните седум дена. Од нив, 61 пациент починале. Околу 73 отсто од возрасното население во Германија примило барем три дози вакцина против ковид-19.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје