X
 27.02.2024 Наука

Компанија чека одобрување да продава месо од генетски модифицирани свињи

Во иднина, печеното свинско месо или парчињата шунка што ќе ги јадете може да потекнуваат од генетски модифицирани свињи.

Така барем се надеваат научниците од компанијата за генетика на животните „Генус“, кои работат на усовршување на свињите уредени со КРИСПР (технологија за уредување на геном), дизајнирани да ја издржат болеста свински репродуктивен и респираторен синдром (ПРРС), која предизвика милијарди загуби за одгледувачите на свињи.

- Мислам дека фармерите се многу возбудени за ова бидејќи се работи за прилично разорна болест - изјави Клинт Несбит, директор за регулаторни и надворешни работи на „Генус“.

Проверка на благосостојбата

„Генус“ сега чека одобрување од Управата за храна и лекови. Ако добие зелено светло, свињите ќе влезат во историските книги како прво генетски уредено домашно животно за масовна потрошувачка на месо. Откако ќе биде одобрено, „Генус“ ќе продава сперма од генетски уредуваните свињи кои ги носат модифицираните гени. Понатамошното одгледување и размножување ќе донесе свињи кои ќе бидат целосно имуни на ПРРС.

ПРРС е вирусно заболување кое му штети на процесот на репродукција и на респираторниот систем на свињите. Првпат се појави во доцните 80-ти години на минатиот век и ги погоди свињите низ целиот свет, освен Австралија, Нов Зеланд и Швајцарија. Фармерите се обидоа да ја контролираат болеста со антибиотици, вакцини, изолирање на свињите, како и чистење и дезинфекција на установите за одгледување.

Наспроти сето тоа, генетската модификација е примамливо решение. Но, застапниците за благосостојбата на животните велат дека генетски уредените животни само ќе го „зацементираат“ рејтингот што го имаат индустриските фарми во јавноста и може дури и да ги влошат условите за животните.

- Чувањето на животните на преполно место, во стресни услови, обезбедува идеална средина за патогените да се шират и да еволуираат - изјави Кетрин Јадав, менаџерка на истражувањето „Светско фармерство“.

Извор: Futurism

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука