X
 14.03.2018 Живот

„Лего“ бара градежник

Леголенд центарот во Бирмингем е во потрага по нов градител на модели. Лицето ќе може да ги искористи сето свое знаење и пракса и да ја работи работата од соништата - да си игра со коцки.


Фото: Pixabay

-Ги сакате лего коцките и имате доволно магија во себе за да им приредите незаборавни искуства на децата со новите модели? Сакате да ширите радост и задоволство околу себе? Пријавете се и придружете му се на тимот на Мерлин во Леголенд центарот - стои во огласот.

Описот на работата е прилично јасен. Избраното лице ќе дизајнира импресивни градби во Лего центарот за истражувања во Бирмингем и ќе добива годишна плата од околу 36.470 долари.

Досега аплицирале повеќе од 5.000 лица, а за работното место на крајот ќе се борат 50 лица. Според шефовите од компанијата, процесот на селекција ќе кулминира со натпревар во живо. Така, најдобрите 50 градежници ќе учествуваат во предизвик, кој ќе се одржи на 24 март, и ќе бидат соочени со предизвици дизајнирани за одделување на аматерите од професионалците.


Фото: Pixabay

-Дизајнерот на модели е привилегирана позиција и бројот на апликации кои ги добивме не не изненади. Со оглед на тоа дека оваа улога бара креативност и возбуда, давањето некому шанса да ја добие работата преку серија предизвици во живо не може да биде посоодветна - вели Ејми Лангам, генерален менаџер „Леоголенд дискавери центар“.

Кога беше објавен огласот, компанијата доби 1.500 апликација за само 24 часа и мораше да го продолжи рокот. Крајниот рок за аплицирање е 21 март.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот