X
 11.09.2019 Наука

Хаштагот бил популарен и во епохата на Византија

Фото: CEN

Хаштагот - насекаде користен знак, кој на интернет доминира од 2007 година - бил многу популарен уште во епохата на Византија, открија археолози.

Знакот бил гравиран на керамично парче откриено во Јалова, Западна Турција.

Археолозите тврдат дека керамиката датира од доцновизантиската епоха од ХIII век, околу два века пред падот на империјата. Тимот извршил раскопување во Чобанкале во текот на последните три години за да фрли светлина врз историјата на регионот, каде што во 1302 г. се водела битката меѓу византиската и османлиската армија. На битката се гледа како на последниот безуспешен обид на Византиската Империја за запирање на напредокот на Османлиите.

Тимот, воден од доц. Селчук Сечкин, открил парчиња коски, керамика и материјали од ковано железо во ископините, но најинтересно откритие е тоа на парчето керамика со јасен знак хаштаг.

Сечкин објаснува дека и други парчиња што ги пронашле исто така имаат гравури, но таа со хаштаг е необична затоа што содржи знак од популарната култура, користен многу пред да добие популарност во социјалните медиуми.

Минатата година истражувачите откриле знак за хаштаг од пред 73.000 години на скица на ѕидовите на пештера во Јужна Африка.

hashtag
Фото: AsiaWire
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука