X
 29.11.2016 Живот

Како социјалните мрежи ја уништуваат демократијата?

Интернетот кој некогаш беше глобално село, е заменет со дигитални изолирани „острови“, кои секој ден се повеќе и повеќе се оддалечуваат едни од други.


Во пресрет на изборите во Америка, спореден бил бројот на следбениците на друштвените мрежи, статистиките на веб сајтовите како и статистиката на пребарувачот Google во врска со претседателските кандидати на САД Хилари Клинтон  и Доналд Трамп. Податоците го покажале размерот на Трамповата популарност. Имал повеќе следбеници на сите социјални платформи и неговите постови имале полема стапка на ангажираност. Најпопуларен текст на друштвените мрежи во последните шест месеци бил „Зошто гласам за Доналд Трамп“, кој бил споделен 1.5 милиони пати. Сепак овој текст не се појавува кај секого. Зошто?

Од новостите на Facebook нашето онлајн искуство станува се повеќе персонализирано. Интернетот кој помогнал Барак Обама да победи во 2008 година и кој е користен во текот на Арапската пролет во 2011-та, се разликуваат од интернетот кој го донесе Брегзит и победата на Доналд Трамп. Според податоците, 61 процент од луѓето го користат Facebook како примарен извор на вести за политика, но одбиваат да го признаат својот идентитет. Нашите Facebook новости се персонализирани на основа на претходни кликови и лајкови. Во главно ги консумираме политичките содржини кои се слични на нашите ставови. На тој начин нашето видно поле станува помало, а ние не сме ни свесни за тоа.

Дигиталната друштвена егзистенција се претвори во огромна глува соба, каде што воглавно разменуваме ставови со истомислениците и не успеваме да допреме до други друштвени кругови кои се често заведени заради страв и ксенофобија.
Друштевните кругови кои Facebook и Google ги осмислиле за своите корисници, всушност ја обликуваат нашата реалност. Го гледаме и слушаме само она што ни се допаѓа. Треба да се потсетиме себеси дека постојат луѓе и од другата страна на екранот кои сакаат да бидат сослушани и кои можат да чувствуваат и размислуваат како нас, но истовремено да доаѓаат до други заклучоци.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот