Ако сте загрижени дека вашиот телефон може да ве шпионира, да ги споделува вашите податоци и локацијата без воопшто да го сфатите тоа, новиот извештај за оваа тема ќе биде алармантен.
- Не можете да му кажете „не“ на надзорот на „Гугл“ - предупредува истражувачкиот тим на „Сајберљуз“ и вели дека податоците постојано се пренесуваат од новиот телефон на серверите на „Гугл“.
Уште позагрижувачко е тоа што телефонот повремено се обидува да преземе нов код, кој потенцијално отвора безбедносни ризици.
Тимот зел сосема нов „пиксел 9 про ХЛ“ со нова сметка на „Гугл“ и стандардни поставки и го поставил за да овозможи следење на податоците помеѓу телефонот и серверот.
Бидејќи тестирањето се одвивало со нова сметка, тимот не тестирал за да го види ефектот што може да го имаат промените на корисникот во поставките за приватност и безбедност.
- На секои 15 минути, „пиксел 9 про ХЛ“ испраќа пакет податоци до „Гугл“. Уредот споделува локација, е-пошта, телефонски број, статус на мрежа и др. Овие податоци се испраќаат до различни крајни точки на „Гугл“ - информираат од тимот.
Од „Сајберњуз“ вели дека податоците за локацијата се вклучени во барањето дури и кога ГПС е оневозможен - телефонот потоа се потпира на блиските безжични мрежи за да ја процени локацијата.
Од „Сајберњуз“ исто така тврдат дека уредот побарал од „Гугл“ нов код за извршување, со што се отвораат безбедносни ризици. Овој безбедносен ризик е многу поголем од собирањето податоци и иако нема докази за каква било ранливост на код од трета страна, особено со овозможен „Плеј протект“ на уредот, можноста пософистицираните противници да користат такви „дупки“ за свои потреби никогаш не може биде исклучена.
Извор: bajtbox.com
Фото: Freepik