Компанијата „Гугл“ отворила нов кампус во Калифорнија кој го има најголемиот геотермален систем за ладење и греење во Северна Америка. Компанијата проценува дека овој систем ќе заштедува околу 90 отсто од водата која би се користела за ладење од страна на компанијата. Ќе се користи рециклирана вода и дождовница за сè освен за пиење.
Кампусот е револуционерен и на други начини. Покривот му е прекриен со соларни панели, а во близина има ветерници. Овие обновливи извори треба да произведуваат доволно електрична енергија за целиот кампус за околу 90 отсто од времето.
Од компанијата изјавиле и дека секоја работна маса во кампусот ќе има поглед кон надвор, а вентилацијата ќе користи само надворешен воздух.
Во кампусот има две кујни со седум кафулиња и над 17 акри природен предел.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија:
Google