X
 11.11.2018 Живот

За фиктивен брак во Германија плаќаат и до 50.000 евра, а некои остануваат без ништо

- Барам жена до 45 години со ЕУ документи за склопување на фиктивен брак. Јас имам 37.

- Барам жена од ЕУ за склопување фиктивен брак. Ќе го исполнам секој договор.

- Млада, 23 години немажена. Потребен е маж од Чешка за фиктивен брак, со паричен надоместок. Само сериозни понуди. Предност имаат оние од Лузерн или околината. Јавете се, итно е.

Ова е само мал дел од огласите за фиктивни бракови што се бараат или нудат преку интернет.

brak
Фото: Getty Images


Сѐ поголем е бројот на младите од посиромашните земји кои во фиктивниот брак гледаат излез. Редовите во амбасадите за нив се предолги, а сакаат да одат што е можно порано. Јавна тајна е дека за одредена сума на пари тие се согласуваат на брак без љубов, за да можат во најкраток можен рок да одат во некои од земјите на ЕУ. Граѓаните на возраст од 20 до 40 години се најодлучни за брак од интерес. Поединци не прашуваат за цена, партнер, земја ниту години или било што другп. Цените варираат во зависност од земјата. И според оние кои нудат или бараат такви услуги, цената на фиктивните бракови се движи од 5.000 евра па нагоре.

Германија е најпопуларна, па цената достигнува 50.000 евра. Популарни се и Холандија и Швајцарија, која е најригорозна земја кога станува збор за бракови. Таму луѓето повеќе знаат за фиктивниот партнер отколку за вистински. Сето тоа се испитува, од музика што ја сакате до проверка на четките за заби.

Правилата се едноставни: плаќате, околу пет години сте во брак и после тоа имате документи за ветената земја. Поради мигрантската криза, цената на фиктивни бракови во земјите од западна Европа се искачила многу. Но, без оглед на овој факт, огласите во кои граѓаните на земјите кои не се од ЕУ, бараат луѓе за склопување на фиктивни бракови, и понатаму се во голем број.

Но, иако ќе платите висока сума, самото склопување на брак не значи дека со тоа сте го решиле проблемот, затоа што голем дел од луѓето често остануваат и без пари и без документи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот