X
 11.11.2024 Технологија

Комбинација од роботика и мебел - масичка што се движи и ви носи пиво или кафе

Дали отсекогаш сте сакале да имате робот кој ќе ве следи низ куќата, ќе ви носи предмети и ќе може да извршува различни наредби, а истовремено да биде корисен како парче мебел? Можеби не, но некои пронаоѓачи и креативци очигледно биле решени да го создадат тоа. Првиот од нив е Гилијам де Карпентие, холандски програмер и производител, кој по 12 години работа успеал да создаде уникатна масичка за кафе.

Масичката „Карпентопод“ може да оди доволно смирено за да не го истури кафето поставено на неа. Основата на сè е заштитен механизам со ексцентрично движење, поради кој масата со шест краци е стабилна и се врти.

Вградената технологија ѝ дава различни можности, па може да биде „домашно милениче“, да ви носи кафе од една во друга соба и слично. Целиот проект е „паметен“ поради вградената електроника и контролното коло. Се напојува со два електромотори и батерија, поврзани со далечински управувач со блутут, за да може движењето да се контролира по желба.

Сите технички детали и процесот на производство се детално опишани на неговиот блог и во серија видеа, па секој заинтересиран за ваков тип проекти може да добие идеја и да се обиде да ја ископира оваа необична маса. За производство се потребни класични алатки и машини, како што се ласерски секач или 3Д-печатач, кои може да се користат за создавање клучни делови од дрво или некој друг материјал.

Користењето на нацртите и идеите за овој начин на движење е бесплатно, но не е дозволена комерцијализација, ниту пак копирање на самиот дизајн на масичката, според објаснувањето на авторот. Неговото оригинално дело е направено од бамбусово дрво, а како тоа изгледа, погледнете подолу.

 

Извор: bug.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија