X
 03.09.2016 Здравје

Што го предизвикува побелувањето на косата?

Побелувањето на косата долго време се поврзува со преголем стрес и стареење, но дали има вистина во идејата дека преголемите грижи и одговорности може да ја променат бојата на косата?

Краткиот одговор е дека тоа е комлицирано. Додека стресот може да направи физички белег на нашите тела, кога станува збор за побелување на косата, научниците се уште откриваат што го предизвикува тоа и истражувањето укажува на тоа дека неколку фактори влијаат на износот на бели влакна на врвот на главата.

Нашата коса добива боја од клетките познати како меланоцити, што додаваат пигмент на влакното што продира преку скалпот од малите органи познати како фоликули на косата.

 

 

дали стресот го предизвикува побелувањето на косата 

 

 

Она што се случува со стареењето е дека меланоцитите ослабнуваат и изумираат што значи дека влакната на нашата коса не ја добиваат истата боја. Оваа штета е наведена како оксидативен стрес и тоа се случува во сите клетки на нашето тело како природен дел од процесот на стареење, а  не поради стресот што се појавува поради поставените рокови или испити.


Кога нашите тела стареат и не може повеќе да се борат против одредените видови на штетни молекули на ефикасен начин како што тоа било на возраст од 20 и 30 години, оксидативниот стрес делува и нашата коса ги покажува ефектите од тоа.

Па така тоа е природниот процес на побелување, но дали може емоционалниот стрес да игра улога во појавата на оксидативен стрес, а со тоа и индиректно да предизвикува седа коса?

Без поширока студија која става голема група на луѓе под еден пролонгиран период на вештачки стрес, тешко е да се докаже поврзаноста.

И додека тешкиот период на стрес се поврзува со оксидативен стрес во минатото, доказот за поврзаноста не е особено силна, барем не доволно силна за да се постигни консензус кај научниците дека повеќето стресни ситуации нема директно да предизвикаат вашата боја на коса да се промени.

“Поголема е веројатноста стресот да предизвика опаѓање на косата, отколку седа коса“- објаснува консултантот по дерматологија, Мири Сеоберг од Институтот за глобална дерматологија во Флорида.

Па така заборавете на предвремено побелување на косата, ако се наоѓате во стресна ситуација имате поголеми проблеми за да се грижите во врска со косата, бидејќи студиите укажуваат дека големите или пролонгирани грижи се мешаат со биолошките процеси кои го регуулираат растот на косата, што предизвикува косата лесно да почне да паѓа.

 

 

Но постојат навестувања дека нешто друго се случува

 

 

Уште во 2007 година научниците од Универзитетот Харвард сугерираа дека редовното изложување на стрес миже да го забрза процесот на седа коса, бидејќи стресот може да произведи високо реактивни молекули наречени слободни радикали што се меша со производство на меланин.

“Сме виделе луѓе кои се под стрес 2 или 3 години кои велат дека добиле седа коса. Но тоа беше мала студија и се уште чекаме на убедливи докази за таа хипотеза- - вели доктор Тајлер Кирнет за “Scientific American“.

Некои експерти имаат направено разлика помеѓу психолошки и емоционален стрес, но бидејќи овие услови доаѓаат како збир на ефектите на телото кај поединецот, тешко да се следи дефинитивна поврзаност помеѓу колку сте под стрес и што се случува во фоликулите на врвот од вашата глава.
 
Сепак ние учиме многу со текот на времето. Претходно оваа година, научници од Велика Британија идентификувале ген наречен  “IRF4“ што е поврзан со седата коса, укажувајќи на тоа дека некои од нас се повеќе преодредени да добијат седа коса во споредба со други луѓе. Но тимот нагласи дека постојат голем број на други фактори од животната средина кои се вклучени исто така.

Овие фактори вклучуваат пушење, изложеност на загаден воздух, лоша исхрана. На сите овие нешта мора да обрните внимание за да ги зголемите вашите шанси да ја задржите природната боја на вашата коса, колку што е можно подолго време.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје