X
 22.12.2022 Живот

Зголемен бројот на ученички стипендии што ќе се доделат годинава

На иницијатива на Министерството за образование и наука, а со одлука на вчерашната владина седница, бројот на стипендии што им се доделуваат на учениците од средните училишта во учебната 2022/2023 година значително се зголемува. Обезбедени се дополнително средства за оваа намена, а целта е да се мотивираат и да се поддржи образованието на што поголем број средношколци кои аплицираа на конкурсите за доделување на стипендиите.

Согласно одлуката, бројот на стипендии за социјална поддршка на ученици од предвидените 900 се зголемува на 1.318. Наместо 120 стипендии за ученици со посебни потреби, ќе бидат доделени 168. Вкупно 167 стипендии ќе се доделат на талентирани ученици – спортисти, односно 17 повеќе од првично предвидените. За талентираните ученици од областите на природните и техничките науки ќе се доделат 115, наместо како што беше првично предвидено да се доделат 100, додека за учениците кои реализираат наставни програми од дефицитарни струки наместо 240, ќе се доделат 267 стипендии.

Министерството за образование и наука известува дека веднаш по излегувањето на Одлуката во „Службен весник“, на веб-страницата www.mon.gov.mk ќе бидат објавени и резултатите за сите категории стипендии согласно новите квоти, a учениците ќе добијат насоки за понатамошно постапување.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот