Недостигот на сон може сериозно да го наруши нашиот имунолошки систем и да се зголеми ризикот за разни заболувања. Тоа доведува и до нервоза, анксиозност и може на други начини да влијае врз психичкото здравје. Сонот има витална улога за физичката, когнитивната и менталната благосостојба. Што се случува со телото кога не спиеме една или повеќе ноќи?
Што се случува ако не спиеме 24 часа?
Повремената будност во период од 24 часа не остава никаква трага врз поголемиот дел од здравите луѓе, но битно е тоа да не се повторува. Лекарите велат дека 24 часа без спиење има исто влијание врз организмот како и присуството на 0,1 отсто алкохол во крвта.
Говорот станува нејасен, не може јасно да размислуваме, се намалуваат вниманието и помнењето и можни се проблеми со видот и слухот. Истовремено се зголемува и нивото на хормонот за стрес.
Што се случува ако не спиеме 36 часа?
Будноста од 36 часа не влијае исто врз секого. Недостигот на сон во овој период остава белег врз здравјето. Се забележува присуство на инфламаторни маркери во крвта, а телото е изложено на силен стрес. Нарушена е хормонската рамнотежа, забавен е метаболизмот, ослабува вниманието, а можни се и проблеми со апетитот.
Фото: Freepik
Што ако не спиете 48 часа?
Недостигот на сон од 48 часа може да влијае врз заштитниот рефлекс на мозокот. Со други зборови, накратко ќе заспиете, односно мозокот ќе спие до 30 секунди, но нема да чувствувате дека сте заспале. Еден знак за ова е дезориентираноста.
Недостиг на сон во период од 72 часа
Не постојат доволно истражувања кои може да одговорат што би се случило доколку не спиеме три дена по ред. Освен тоа, се знае дека повеќето луѓе не може да останат будни толку време.
Експертите претпоставуваат дека во овие ситуации екстремно се загрозува контролата на емоциите и доживувањето на околината. Се јавуваат раздразливост, анксиозност, депресија, а можни се и халуцинации.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Freepik