Неодамнешна научна анализа која вклучила 17 истражувања спроведени во последните 44 години во 11 земји носи нови заклучоци за менталното здравје. Анализата открила дека ризикот од појава на состојби поврзани со шизофренијата е двојно поголем доколку имате мачка.
Оваа врска прво била предложена во 1995 година, а укажува на паразит (toxoplasma gondii) како можна причина за здравствената состојба. Сепак, резултатите од претходните истражувања се неконзистентни бидејќи некои студии посочуваат поврзаност помеѓу детската изложеност на мачки и развојот на шизофренија, додека други не ја покажуваат оваа врска. Новата анализа била направена за подобро да се истражи оваа врска.
Паразитот, кој главно е безопасен, се пренесува преку недоволно готвено месо или контаминирана вода, а предизвикува промени во личноста, психотични симптоми и невролошки нарушувања, вклучувајќи и шизофренија. Новата анализа открива значајна позитивна поврзаност помеѓу чувањето мачка и зголемениот ризик од нарушувања поврзани со шизофренија.
Австралиските истражувачи откриле дека лицата што биле изложени на мачки имаат приближно двојно поголема веројатност да развијат шизофренија.
Сепак, анализата ги истакнува ограничувањата на постојните истражувања. Петнаесет од 17. студии кои биле анализирани се студии за контрола на случај, кои не можат да докажат каузалност и честопати ги занемаруваат факторите кои влијаат и врз изложеноста и врз исходот. Покрај тоа, некои студии се со низок квалитет, што влијае врз целокупната конзистентност на наодите.
Австралиските научници ја нагласуваат потребата од повеќе висококвалитетни студии за подобро разбирање на чувањето мачки како потенцијален фактор за зголемен ризик од ментални нарушувања.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay