01.03.2023
Живот
Италијански велосипедист казнет поради убиство на мачка на министер
Италијанскиот велосипедист Антонио Тибери (21), кој вози за екипата Тек-Сегафредо, е казнет со 4.000 евра за убиство на мачка во Сан Марино, а неговата екипа дополнително го суспендира на 20 дена без плата.
Поранешниот јуниорски светски првак на хронометар и од неодамна жител на малата република без излез на море во внатрешноста на Италија, е казнет откако со воздушна пушка ја убил мачката која била во сопственост на неговиот сосед и министер за туризам на Сан Марино, Федерико Амати.
Италијанските медиуми јавија дека Тибери, испробувајќи ја својата воздушна пушка, ја нанишанил мачката в глава и со еден истрел ја убил.
- Мачката никому не му пречеше. Долго беше со нас. Мојата ќерка ја засака. Не можете да убиете домашно милениче и да се извлечете со казна од 4.000 евра - изјави Амати за весникот „Кориере дела Сера“.
Извор: МИА