Според истражувањата, околу 1% од светското население се психопати. Ова се луѓе што не можат да развијат емоции како другите, немаат емпатија за други луѓе и имаат поголема склоност за антисоцијално однесување.
Процентот на затвореници со психопатски карактеристики е од 15% до 20%, но процентот на психопати е поголем и во поголемите корпорации, пишува „Конверзејшн“. Во големите компании и организации процентот на вработени со карактеристики на психопати изнесува 3,5%. Процентот е повисок помеѓу извршните директори.
Како да препознаете корпоративен психопат?
Клајв Боди во својата
книга за психопати на работното место од 2017 г. објаснува како работат корпоративните психопати. Тој пишува дека овие лица користат неколку техники за напредување на работното место, притоа саботирајќи ги другите.
Фото: Pixabay
Меѓу другото, овие лица поттикнуваат промени во структурата на компанијата за да ослабат потенцијални закани, принудуваат колеги да ги слушаат и шират шпекулации за да ги поткопаат конкурентите. Корпоративните психопати, исто така, користат техники за импресионирање на менаџерите за да изгледаат способни и го оправдуваат лошото однесување како „тешки одлуки што морале да бидат донесени“.
Како да се одбраните од корпоративните психопати?
Првиот и најдобар начин за одбрана од корпоративните психопати е спречувањето. Работодавците може да се обидат да го одбегнат вработувањето на вакви лица со детална проверка на сите тврдења на кандидатот за работа бидејќи психопатите честопати ги преувеличуваат своите заслуги или лажат на интервјуата за работа. Освен тоа, тие честопати присвојуваат туѓи заслуги, пишува „Конверзејшн“.
Автор: Бенедикт Шихи
Извор:
theconversation.com