X
 12.01.2020 Живот

Си ги чистел забите додека „теслата“ возела со 135 км/ч

Американската полиција фати уште еден возач кој го злоупотребувал автопилотскиот систем на „тесла“, но овој пат во име на денталната хигиена.

Наредникот Кери Шмит од полицијата во Онтарио на „Твитер“ напиша дека полицаец обвинил 58-годишен маж за неодговорно возење. Објаснувањето? Си ги чистел забите со двете раце додека неговиот „модел С“, кој има автопилот, возел со брзина од 135 километри на час.

Во сегашната форма автопилотскиот систем на „тесла“ може само да им асистира на возачите, но не и целосно да ги ослободи од задачата за возење и тоа е јасно наведено на страницата на производителот.

- Моменталните карактеристики на автопилотот бараат активна супервизија од возачот и не го прават возилото автономно - наведуваат од „Тесла“.

Сепак, тоа не ги спречува многуте сопственици на „тесла“ да му дозволат на автопилотот да ја преземе нивната работа додека тие спијат или си ги чистат забите. Ова е уште еден доказ дека компанијата веројатно треба да направи повеќе за да го држи вниманието на возачите на патот.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот